Принцот Хари и Меган Маркл живеат далеку од кралското семејство и Велика Британија со години. Нивниот дом е во Монтесито, а Меган, војвотката од Сасекс, често споделува некои семејни моменти.
Токму кога семејна фотографија од празниците се појави на официјалниот профил на принцот и принцезата од Велс, Меган Маркл го стори истото.
„Среќни празници од нашето семејство до вас“, напиша Меган под објавата во која се таа, принцот Хари и нивните две деца.
На фотографијата, Хари го прегрнува Арчи, додека Меган ги држи рацете на Лилибет, а лицата на децата се уште се скриени, па Меган останува доследна на старото правило да ја чува приватноста на своите деца подалеку од медиумите.
Оваа година беше особено турбулентна за нив, дури долго време се шпекулираше дека поминуваат низ криза како двојка, па дури и дека се разведуваат, но се чини дека надминале сè. Неодамна, Меган ја презеде озлогласената титула на најомразена личност во 2025 година, а Хари ѝ се придружи на таа листа.
Сè што прави поранешната војвотка од Сасекс не е доволно добро и честопати добива негативни коментари.






