Најлоши свекрви според хороскопот - Reporter.mk

Најлоши свекрви според хороскопот – Reporter.mk

пред 5 години

Астролозите тврдат дека секоја мајка што има синови, цел живот ќе се однесува заштитнички кон нив, а тоа, на некој начин ја прави лоша свркрва. Сепак, жените родени во три хороскопски знаци се однесуваат полошо кон снаите или девојките на своите синови, од останатите.

Риби

Ако вашата свекрва е риба, тогаш имате вистински проблеми. Толку го разгалила својот син што секогаш ќе очекува да се грижите за него како неговата мајка. Значи, ако споделувате простор за живеење со неа, ќе мора да станете нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и хармонично, а нејзиниот син никогаш не смее да пропушти ништо. Ако ѝ замерите, ќе зажалите пред да знаете. Поради сето ова, свекрвата е во знакот на риби се смета за најлоша можна свекрва.

Бик

Таа секој ден ќе ткае невидлива мрежа околу вас, од која нема лесно да излезете. Ќе го става носот во сè. Не се двоуми да даде совет за храна, облека, пари. Ќе ви каже дека сака сè што сакате и вие, а потоа, зад грб, ќе зборува за тоа како немате вкус. Таа е неописливо тврдоглава и не попушта ниту милиметар. Сè што треба да направите е да се надевате дека нејзината сила ќе трае пократко од вашато трпеливост.

Рак

Под сликата на нежната мајка се крие една од најстрашните свекрви на зодијакот. Навистина нема шеги со неа. Со неа не треба да се замерите. Ако не се согласите да играте според нејзините правила, таа ќе ве присили, бидејќи во прашање е нејзиниот син, а тоа не смее да се допира. Единствениот начин да имате добра врска со вашата свекрва која е рак, е да ѝ влезете под кожа и да ја добиете нејзината доверба. Кога ќе го направите тоа, нема да имате повеќе проблеми со неа.

Share
Scroll to Top