Најчестиот проблем кај жената е да го менува мажот

Најчестиот проблем кај жената е да го менува мажот

пред 1 година

Еден од најчестите проблеми во современата врска е потребата на жената  да го менува односно подобруваат својот маж.

Ова женско тежнеење, во толкав обем е присутно што често е вон границата на реалноста. Мажот престанува да биде рамноправен партнер во врската, и станува нејзин личен проект. Нешто на кое секојдневно работи – додека не го доведе до совршенство. Што секако никогаш не се случува.

Чест на исклучоци, но повеќето жени имаат тенденција да работат на измените во однесувањето, облекувањето, говорот и неминовното размислување на својот маж. Малку е да се каже дека овој пристап е погрешен. На секого од нас му е потребна помош од партнерот во смисла на изградување себеси како личност, но комплетната трансформација во име на љубовта, не доаѓа во обѕир.

Она на што треба да поработите во ваквите ситуации сте вие лично.

Доколку тргнувате од претпоставката дека сте совршени и дека сите треба да бидат такви, тие веројатно никогаш нема ни да станат, и вие никогаш нема да бидете задоволни. Ако го разгледате фактот дека единствено на светот кое можете да го контролирате сте вие самите, тогаш е подобро.

Многу често се случува нечие однесување, во случајов на вашиот партнер, да ви смета или на некој начин да ве вади од рамнотежа. Дали е проблемот во него или во вашето прифаќањето?

Доколку константно барате нечии маани, грешки или ситници во однесувањето кои ќе нервираат, неминовно е дека ќе ги пронајдете. Ќе ги измислите во краен случај доколку не постојат.  Ако на позитивен начин му пристапите некому, ќе ја видете посветлата страна на неговата личност и обратно.Секој од нас носи одредена енергија. Со својот став ќе го поттикнете и другите да се однесуваат слично со вас. Доколку престанете да ги барате туѓите несовршености, ќе видете дека нив никогаш не ни ги имало. 

 

Share
Scroll to Top