Најчести замерки помеѓу партнерите - Reporter.mk

Најчести замерки помеѓу партнерите – Reporter.mk

пред 3 години

Секоја врска се развива со одредено темпо и затоа е тешко да се каже кога е вистинското време партнерите да почнат да живеат заедно.

На многу парови започнувањето заеднички живот им делува како едноставен и логичен чекор. Заштедуваат пари, имаат помош и друштво дома… Додека од друга страна, за некој тоа претставува спас за врската, финансиите и слично.

Меѓутоа, не е сè така сјајно во заедничкиот живот, што и го докажа истражувањето спроведено на 2.000 возрасни Британци кои се во љубовна врска. Дури 79% од луѓето биле изненадени од некои аспекти од однесувањето на својот партнер откако почнале да живеат заедно.

Оставањето вклучено светло, кога не се во собата, се покажало како најчест проблем, како рчењето и оставањето вклучени електронски уреди.

Според споменатото истражување, ова е листа од девет работи, за кои партнерите најчесто имале замерки еден кон друг во заедничкиот живот.

  • Оставање вклучено светло;
  • Рчење;
  • Расфрлени работи:
  • Фрлање храна:
  • Не оставање алишта за перење;
  • Не подигнување на даската од тоалет школката;
  • Предолго туширање:
  • Оставање на телевизорот и други електрични уреди вклучени.

Share
Scroll to Top