На Василица се породи Милена Антовска, уште една ќерка во домот на водителката

На Василица се породи Милена Антовска, уште една ќерка во домот на водителката

пред 2 години

Водителката Милена Антовска Станковска вторпат стана мајка. Таа на Василица роди ќерка, еден ден откако го славеше својот роденден. Ова е втора ќерка на Милена и нејзиниот сопруг Гордан, кои пред четири години ја добија Лана Марија. Таа се роди на Голема Богородица, па Милена откри дека оттаму и решиле со Гордан да го додадат името Марија на Лана, кое го избрале додека била бремена.

Милена не криеше дека втората бременост ѝ оди потешко од првата, ама дека е пресреќна и ужива во деновите на бременоста. Таа за „Репортер“ неодамна раскажа како се снаоѓа сега, но и како ја надминува анксиозноста, со која се соочува веќе неколку години.

„Со Лана Марија се породив во 38. недела, е сега ќе видиме како ќе биде со ова бебе. Генерално физички изгледам исто како кога бев бремена со првото дете. Не сум воопшто здебелена. Искрено, не внимавам премногу околу исхраната туку јадам се што ми се јаде и колку ми се јаде, а заради генетиката немам проблем со килограмите“, раскажа Антовска во разговорот.

Водителката тогаш откри дека разликата меѓу двете ќерки ќе биде 4 и пол години.

„Лана Марија веќе сè разбира и многу се радува, а се надеваме и дека ќе ни помага. Таа не покажува знаци на љубомора, напротив, многу е среќна и возбудена, но ќе видиме на дело кога ќе ни дојде бебето дома“, откри Милена.

Тогаш ни призна и дека ја фаќа малку паника за тоа како ќе биде со две деца, па затоа уште пред породувањето размислувала како да си распредели обврските.

„Размислувам уште сега околу организацијата, но ги имам моите најблиски до мене така што не се плашам. Само да ни се роди бебето живо и здраво и сè друго ќе биде како што треба“, рече Милена.

Во интервјуто за „Репортер“ таа ни раскажа и за нејзината борба со анксиозноста и паничните напади со кои се соочуваше. На прашањето како е сега и дали и со тоа има проблем или некои стравови се надминати, таа вели: „Сите сме имале лоши периоди во животот и здравствени и од друга природа, но сега кај мене преовладуваат само убави и позитивни чувства, добро се снаоѓам и верувам дека така ќе ја истуркам бременоста до крај“.

Share
Scroll to Top