На девојка од публика ѝ ја пеев песната оти беше убава па го сменив текстот: Теа Таировиќ по критиките за настапот во Бугарија

На девојка од публика ѝ ја пеев песната оти беше убава па го сменив текстот: Теа Таировиќ по критиките за настапот во Бугарија

пред 2 години

По многубројните реакции откако српската пејачка Теа Таировиќ го измени текстот на познатата македонска песна „Македонско девојче“ каде наместо „Нема поубаво девојче од Македонче“ на настап во Блгоевград во Бугарија  има пееше „Нема поубаво девојче од Бугарче“, се јави и пејачката на „Инстаграм“.

Таировиќ вели дека вечерта на нејзиниот настап имало и Бугари и Македонци, додека пак за стихот тврди дека го изменила поради убава девојка од публиката.

Таа вели дека не се занимава со политика и дека не ја интересираат политичките случувања ниту во нејзината држава, ниту во другите држави.

Пејачката потенцира дека на нејзиниот нареден албум ќе се најде песната со тема „Македонија“ со која како што таа вели сака да оддаде почит и благодарност за љубовта која ја добива од македонската публика.

(Видео) Теа Таировиќ се наполни со пари на настап во Скопје па отиде во Благоевград да им пее „Нема поубаво девојче од Бугарче“

 

Share
Scroll to Top