На десет години пиев алкохол и пушев марихуана, па ме испратија во психијатриска болница, Дру Баримор раскажа за траумите од детството

На десет години пиев алкохол и пушев марихуана, па ме испратија во психијатриска болница, Дру Баримор раскажа за траумите од детството

пред 2 години

Актерката Дру Баримор во нејзиниот подкаст Drew’s News ги сподели деталите од нејзиното тешко детство. Дру откри дека првиот алкохолен пијалок го испила на девет години, а пробала марихуана кога имала десет години.

dobivaj vesti na viber

Порано таа имапе раскажано дека на 13 години двапати отишла на одвикнување од дрога, а мајка и ја испратила во психијатриска установа.

Открила дека во нејзината куќа не смеело да се јадат слатки, па се криела во плакар за да јаде чоколадо.

Нејзината мајка Џејди, вели Дру, била многу строга и не сакала нејзините деца да се здебелат. Но, кога се во прашање пороците, таа немала проблем со тоа

„Излегував по клубови и избегнував училиште, бев целосно надвор од контрола“, додава таа.

Дру раскажала дека нашла начин да и прости на мајка си.

“Верувам дека се чувствуваше како да нема друг излез. Сигурно живееше со многу вина сите овие години. Создаде чудовиште и сигурно живееше со многу болка”, рекла актерката.

Share
Scroll to Top