Изложеноста на сонце, честото потпирање на маси, хлорот од водата и силните сапуни, се само некои од непријателите на кожата на лактите, што ја прави груба и затемнета. Кожата на овој дел од телото е подебела, па затоа се хидрира побавно, а тоа доведува и до првут и чешање. Затоа експертите советуваат да направите пилинг на лактите, оти и нив им треба нега, исто како и на стапалата.
Пилингот ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата. Препорачливо е да се прави еднаш или двапати неделно.
Пилинг од кафе
Измешајте три лажички кафе со три лажички шеќер и 2-3 лажички маслиново масло за смесата да добие текстура на путер, ни премногу течна, ниту густа. Нанесете го пилингот на лактите, добро тријте, оставете да отстои пет минути и потоа исплакнете со млака вода. Потоа нанесете навлажнувачки крем, маслиново, бадемово, кокосово масло или вазелин за да го оменете местото.
Пилинг од лимон
Комбинирајте лажичка свежо исцеден сок од лимон со лажичка сончогледово масло, а потоа измасирајте ги лактите со течноста. Освен што ќе ја омекне, лимонската киселина ќе ја осветли кожата на овој дел од раката. Оставете го да делува пет минути, исплакнете со млака вода и нанесете хидратантен крем.