На повидок два мегатрансфери: Мбапе се сели во Реал, а Роналдо се враќа во Манчестер, но, овој пат ќе игра за Сити

На повидок два мегатрансфери: Мбапе се сели во Реал, а Роналдо се враќа во Манчестер, но, овој пат ќе игра за Сити

пред 3 години

Пред крајот на преодниот рок во фудбалска Европа, на повидок се два големи мегатрансфери. Синоќа се договорија можеби најактуелните трансфери по оној на Меси од Барселона во ПСЖ. Овој пат, Французинот Мбапе би можел да го напушти тимот од Париз и да се пресели во Реал.

Другиот трансфер би се случил со Роналдо од Јувентус во Манчестер, но, овој пат Португалецот би се вратил во тимот на Сити.

Угледната „Марка“ прва излезе со ексклузива дека ПСЖ нема да му стои на патот на Мбапе и дека е прифатена понудата вредна 170 милиони евра, но во моменти кога сите ја гледаат француската ѕвезда во белиот дрес на Реал Мадрид.

Шпанскиот медиум тврди дека Ал Келаифи и ПСЖ немале друг избор освен да ја прифатат понудата и дека двата клуба утре ќе ја разменат целата документација во врска со трансферот.

Официјална потврда за трансферот би можела да следи уште утре, а Мбапе се очекува во понеделник да отпатува за Мадрид, каде ќе ги мине медицинските прегледи и ќе потпише договор со најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

И таман речиси се смирија страстите на Пиринејскиот полуостров и реализацијата на еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот, нешто пред полноќ одекна уште една „бомба“!

Според информациите кои пристигнуваат од Италија и Англија, Кристијано Роналдо си заминува од Јувентус, а негов нов клуб ќе биде Манчестер Сити.

Кристијано Роналдо на 36 години сака нов предизвик во кариерата. По три години минати во Јувентус, тој се сели во Манчестер сити. Вчера сите италијански медиуми објавија дека биле почнати преговорите за еден од најголемите трансфери во ова лето.

Во Англија преодниот рок трае до 31 август, па договор меѓу трите страни мора да се постигне за најмногу четири дена.

Познатиот новинар и мајстор за трансфери, Фабрицио Романо носи вести за можниот трансфер на Роналдо, кој побарал од екипата да го продаде.

Неговиот менаџер Жорж Мендеш имал тешки преговори со Јувентус, по што заминал во Порто за да му договори трансфер во Сити.

Последните информации говорат дека прашање на време е кога трансферот на Роналдо ќе биде потврден.

Дали ова ќе бидат последните потреси на фудбалскиот пазар, затоа што речиси во сите земји преодниот рок е речиси пред крај, останува да видиме, затоа што во минатото сме биле сведоци на трансфери кои се случувале во „пет до 12“, но и трансфери кои пропаднале поради тоа што документите биле испраќани или пристигнувале неколку минути по полноќ, па затоа тие не се реализирале.

Share
Scroll to Top