Ретка фотографија од американскиот астронаут Нил Армстронг, додека чекори на површината на Месечината, ќе се најде на аукција организирана од куќата „Кристис“.
На аукцијата ќе се најдат повеќе од 2400 фотографии кои се документирани од златната доба од истражувањето на вселената, велат од „Кристис“. Оваа колекција е најопсежна досега и истата ќе се најде на ауцијата.
„Ројтерс“ пренесува дека најголемата сензација на аукцијата ќе биде необјавената фотографија на Нил Армстронг, снимена за време на мисијата „Аполо 11“, во 1969 година, кога за првпат човекот зачекори на Месечината.
Во придружба на двата члена на екипажот, Баз Олдрин и Мајк Колинс, додека чекорел по прашливата површина на Земјиниот сателит, Армстронг ја кажа прочуената реченица дека ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото.
Во тоа време, Армстронг не бил снимен на ниту една од фотографиите. Тој имал за задача да стои зад камерата и да ги прави истите, но на крајот сепак една се појавила, велат од „Кристис“.
„На повеќето фотографии од астронаутите кои се гледаат од Аполо 11, е Баз Одрин. Но, на крајот на мисијата, Баз всушност ја земал камерата и брзо го снимил Нил. И на тоа се заборавило по успешната мисија. Истата повторно е откриена во осумдесетите години, велат од „Кристис“.
Се очекува фотографијата да чини 30.000 фунти, односно околу 39.000 долари. Уште една слика која ќе се појави на аукцијата е селфито на Олдрин, кој е снимено за време на мисијата „Џемини XII“, во 1965 година.
Останатите предмети на аукцијата се движат од раните слики направени од темната страна на Месечината од доцните педесети години па се до „Аполо“ мисиите од шеесетите и седумдесетите години, завршувајќи со фотографии од „Црвената планета“.
Оваа аукција ќе трае од 6. до 20. ноември“ 2020 година.