На Роналдо му се заканува тужба, не платил ботокс: дерматологот бара отштета

На Роналдо му се заканува тужба, не платил ботокс: дерматологот бара отштета

пред 11 часа

На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата заработил повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно. За ботокс, пренесуваат светските медиуми.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му остана должен на лекарот Рошан Равиндран, кој неколку пати го третираше додека играше за Манчестер Јунајтед.

Докторот тврди дека Роналдо му должи околу 50.000 евра и дека одлучил парите да ги собере на суд. Равиндран е дерматолог кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо како и Георгина Родригез, неговата долгогодишна партнерка.

„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, докторот остана „затворен“ и со тоа само потврди дека Роналдо имал третмани кај него, според написите.

Британските медиуми не можат со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред мечот со Словенија.

Роналдо пушти солзи во осминафиналето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го промашија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.

Share
Scroll to Top