На се сеќавам на три години од „Пријатели“ оти бев пијан открива Метју Пери во неговата Автобиографија

На се сеќавам на три години од „Пријатели“ оти бев пијан открива Метју Пери во неговата Автобиографија

пред 3 години

Метју Пери (52) пишува автобиографија во која ќе зборува за делот од животот кој го поминал на снимањето на серијата Пријатели. Пери, кој го играше омилениот лик на многу луѓе, циничниот Чендлер Бинг, ветува дека ќе ги одведе читателите „зад сцената“.

Од издавачката куќа Macmillan’s Flatiron Books, кои ги добија светските права за книгата, велат дека тоа ќе биде книга што „Пријателите на пријателите долго ја чекаа“. Бидејќи актерот ќе зборува за проблемите на зависноста, книгата, како што велат, ќе биде важна и за секој што води слични битки, за себе или за своите најблиски.

„Потребен ни е хумор, катарза и извонредната приказна на Метју раскажана со неговиот глас“, изјави Меган Линч, претставник на издавачот.

Повторното обединување на суперпопуларниот ситком тим во мај оваа година, повторно започна бројни приказни за здравствената состојба на Пери, проблемите со алкохолот и дрогата, па дури и гласините дека актерот никогаш не успеал да побегне од зависноста. Се пишуваше дека бил некохерентен за време на снимањето, на социјалните мрежи се води вистинска војна меѓу згрозените од неговиот пад и оние кои барале актерот да биде оставен на мира.

„Бев во „Пријатели“ од 24 до 34 години… Ние шестмина бевме насекаде. Гледано од надвор, можеби изгледаше како да го имав сето тоа, а всушност бев многу осамен затоа што страдав од алкохолизам“, рече тој, а во друго интервју објасни дека никогаш не одел на работа под дејство на алкохол или дрога.

„Би бил ужасно мамурен, до болка, но работев. Но, со текот на времето, работите станаа толку лоши што не можев повеќе да го кријам и сите знаеја“, рече Пери, признавајќи дека навистина не се сеќава на околу три години, помеѓу третата и шестата сезона од серијата.

Сега сето тоа детално и отворено ќе го каже во книга.

Share
Scroll to Top