На Том Круз му е забрането да се гледа со ќерка му

На Том Круз му е забрането да се гледа со ќерка му

пред 3 години

Скиентолошката црктва е таа која не му дозволува на Том Круз да има контатк со неговата ќерка Сури пишува Entertainment Times. Иако од самата црква ги негирале ваквите наводи, 58 годишниот глумец признал дека неговата поранешна сопруга Кејти Холмс поднела барање за развод, затоа што се плашела дека црквата ќе има преголемо влијание на нивната ќерка.

Кејти смета дека црквата ќе има преголемо влијание на ќерка ѝ затоа што и другите две деца на Круз, Исабела и Конор, кој актерот ги доби со Никол Кидман, исто така се дел од оваа црква.

Од разводот меѓу Том Круз и Кејти Холмс минаа повеќе од осум години, но во јавноста и понатаму останаа голем број прашања неодговорени. Едно од нив е и тоа зошто Том Круз така лесно крена раце од негоата ќерка. Круз се најде на мета на голем број критичари поради неговиот лош однос кон Сури. Бројни обожаватели му замерија за тоа дека не се борел премногу на суд за неа.

За многумина било изненадување брзиот постигнат договор околу старателството над Сури. Набрзо откако се договориле, Кејти со нејзината ќерка се преселила во Њујорк и оттогаш таа изгубила секаков контакт со нејзиниот татко.

 

 

Share
Scroll to Top