Американскиот телевизиски водител и комичар Џеј Лено има изгореници на левата страна на лицето, откако се запалил седејќи во еден од неговите автомобили, но окото и увото не се сериозно зафатени. Тој е пренесен во болницата за пластична хирургија во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.
По објавата дека е во критична состојба, Лено даде изјава за „Варајати“ во која ги демантираше пишувањата на неколку медиуми.
„Добив сериозни изгореници од пожар на бензин. Добро сум. Ќе ми требаат само една до две недели да застанам на нозе“, рекол тој во изјавата.
Лено (72) требаше да присуствува на финансиска конференција во Лас Вегас, но плановите беа откажани по неговите повреди.
Џеј Лено поседува колекција од 286 возила. Тој беше еден од најгледаните ТВ-водители во САД, со своето вечерно „Тунајт шоу“. По напуштањето на шоуто во 2009, тој почна со своја сопствена програма „Гаражата на Џеј Лено“ на „Си-ен-би-си“ во 2015, а од 2021 година е водител и на шоуто „Се кладиш во животот“.