На 100-ти кат од зграда во Њујорк се отвори лизгалиште

На 100-ти кат од зграда во Њујорк се отвори лизгалиште

пред 2 години

Во Њујорк е отворено лизгалиште на 100-ти кат од комплексот зградата  Хадсон Јардс. Лизгалиштето „Еџ“ е највисокото лизгалиште на отворено во светот.

Лизгалиште е со површина од 95 квадратни метри и ќе биде отворено до 14 март. „Еџ“ овозможува уникатен поглед на Њујорк.

Лизгалиштето е од отворено од 10 часот наутро до 20 часот навечер, а секој четврток и петок има диџеј во живо во последните три часа.

Билетите се ограничени, а можете да резервирате само 30-минути за лизгање.

„Еџ“ ја има највисоката палуба на отворено небо во западната хемисфера, која се издига на 1.131 стапки во воздухот и се протега на 65 метри од 100-тиот кат на Хадсон Јардс.

Share
Scroll to Top