На 14 февруари сите патишта водат кон СЦ „Јане Сандански“, Сенидах го избра Скопје за најемотивната вечер во годината

На 14 февруари сите патишта водат кон СЦ „Јане Сандански“, Сенидах го избра Скопје за најемотивната вечер во годината

пред 2 часа

На 14 февруари, денот кога се слават и љубовта и виното, Скопје ќе има уште една причина за славење, а тоа е првиот солистички концерт на Сенидах. Таа вечер СЦ „Јане Сандански“ ќе стане простор каде што емоцијата ќе се пие на голтки, а музиката ќе се чувствува без задршка, претворајќи се во интензивно доживување исполнето со блискост и заеднички моменти.

Сенидах е артистка со идентитет што не се ограничува на граници. Родена во поранешна Југославија и, како што самата вели, засекогаш Југословенка, со животна адреса во Словенија и семејни корени од Босна и Црна Гора, таа отворено ја истакнува и својата поврзаност и со Македонија и со Хрватска. Токму затоа нејзината музика лесно се препознава како „наша“, таа припаѓа на сите што ја чувствуваат, а најсилна врска гради со публиката што ѝ возвраќа искрено, без калкулации и без поделби, со љубов кон луѓето и кон чистата емоција.

Таа автентична конекција со македонската публика е една од причините зошто овој концерт се најавува како повеќе од класичен настап. По големите регионални продукции и масовни сцени, скопската дружба е замислена како директна и моќна средба, како момент во кој фокусот ќе биде на песните, гласот и на заедничкото доживување. Без дистанца, без филтри. Токму ваквите вечери, каде што секој стих се чувствува лично, се причината зошто концертите на Сенидах се паметат долго по последниот аплауз.

Концертот доаѓа во силен креативен период за Сенидах, кога албумот „Сен и дах“ отвора подлабок, личен израз, а песните добиваат нова тежина токму на сцена, пред публика што ја разбира емоцијата. Со својот препознатлив спој на R&B, трап и балканска емоција и сценски настап што секогаш носи силна визуелна и звучна порака, таа со години ја обликува современата регионална музичка сцена.

Концертот е во организација на SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје може да очекува врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција. Ова нема да биде само концерт, туку вечер во која љубовта, музиката и припадноста се спојуваат во едно.

Влезниците се во продажба преку бесплатната апликација eFinity и платформата Wayin.mk.

14 февруари во Скопје е датум што не се пропушта – вечер создадена за оние што сакаат музиката да ја почувствуваат, а не само да ја слушнат.

 

(ПР)

Share
Scroll to Top