На 15 години го победи ракот, па испиша фудбалска историја: Линда Каиседо новата ѕвезда на Светското првенство за жени

На 15 години го победи ракот, па испиша фудбалска историја: Линда Каиседо новата ѕвезда на Светското првенство за жени

пред 10 месеци

Колумбијската фудбалерка Линда Каиседо (18) играше на три светски првенства за играчи до 17, 19 години, а на сениорското деби постигна гол против Јужна Кореја (2:0).

Така таа стана првата фудбалерка која играла за сите репрезентации на Светското првенство.

Кариерата ја започнлаа во локалниот клуб Хуанчито, каде претседателот веднаш го забележал нејзиниот фудбалски талент.

Сепак, најголемиот тест и во фудбалот и во животот бил кога на 15 години и бил дијагностициран рак на јајниците. Но Линда успеала да ја победи болеста и многу брзо се вратила на теренот.

На почетокот на 2023 година таа потпиша повеќегодишен договор со Реал Мадрид, за сега да стане една од најголемите ѕвезди на Светското првенство за жени.

Share
Scroll to Top