На 28-годишна возраст ненадејно почина Патрик Цветко, најбараниот хрватски модел.
Како што пренесуваат медиумите, Патрик доживеал епилептичен напад, а веста за неговата смрт ја потврдила неговата пријателка Елена Диздар на својот Инстаграм профил.
„Почивај во мир пријателе“, напишала таа.
Цветко почна да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи стана еден од ретките хрватски манекенки кои постигнаа успех во странство.
Тој се појави и во спотот на Франка Бателиќ за песната План Б, во кој глумеа како пар.