Негативните страни на брзите диети

Негативните страни на брзите диети

пред 3 години

Ако сакате да ослабете набрзина, треба да знаете дека постојат многу негативни страни и последици од брзото губење тежина. Секоја диета треба да се држи подолго време и да не биде строга, за да даде долгорочни ефекти. Диетите на база на течности, со еден до два оброка дневно, само го залажуваат организмот и создаваат контраефект.

Нерамнотежа на хормоните

Ако прескокнете оброк, се појавува нерамнотежа помеѓу хормоните. Вашиот кортизол се крева и ве прави нервозни. Инсулинот исто така се зголемува, а потоа паѓа, што доведува до нарушувања на шеќерот во крвта, па дури и дебелеење.

Проблеми со варењето на храната

Вашето тело е активно во текот на денот, така што кога ќе прескокнете оброк, телото нема што да процесира, па самиот дигестивен систем престанува да работи како кога имате редовни оброци. За метаболизмот и дигестивниот систем, најдобро е да имате три оброка на ден, плус две закуски.

Задржување на маснотии

Прескокнувањето оброк го збунува телото. Мисли дека гладувате. Кога тоа ќе се случи, телото почнува да складира маснотии за да се обезбеди со гориво за следниот период.

Станувате депресивни

Веројатно сте забележале кај себе или кај луѓето околу вас дека кога сме гладни ќе бидеме лути. Ова се должи на нерамнотежата на хормоните што предизвикуваат чувство на депресија и нервоза.

Се јавува прејадување

Прејадувањето обично оди по прескокнат оброк. Телото е толку истоштено до времето за следниот оброк, што бара уште калории. Тогаш обично се јавува прејадување, што обично резултира со болка во стомакот и акумулација на вишок маснотии и килограми.

Share
Scroll to Top