Неговиот шарм сите не обединува: Павле Камиловски го крсти синот по татко си

Неговиот шарм сите не обединува: Павле Камиловски го крсти синот по татко си

пред 1 година

Пејачот Павле Камилоски вечера  првпат стана татко. Неговата сопругата, планинарката Ирина Дишовска, се породи, а синот го доби името по татакото на Павле, Јосиф. Дека е среќен што синот го носи името по Јосе Камила, како што го викаат и во Галичник и секаде, Павле, не ги штедеше зборовите од радост.

„Во име на твојата сила што не’ сплотува, твојот шарм што сите не’ обединува, македонското топло срце, во име на се’ што сум јас и се’ што ќе биде тој. Во име на денот на таткото, нека биде наш, мој, твој. Камилоски Јосиф, добре дојде тато. Ти благодарам хероина моја“, рече Павле.

Павле и Ирина се венчаа во февруари, а направија и забава на која го открија полот на бебето и објавија дека ќе му го дадат името Јосиф. Предходно двојката беше долго време во врска.

Павле и Ирина Камилоска добија син, стигна Јосиф во семејството

Share
Scroll to Top