Овен
Ве очекуваат важни случувања на деловниот план во оваа недела, бидете подготвени да одговорите на секоја ситуација. Кога станува збор за емоциите можете да сметате на сосема стабилна ситуација. Можни се мали проблеми со коските и рбетот.
Бик
Доколку соработувате со странство пред вас е многу добар период. Останатите ќе имаат просечна работна недела. На полето за љубов ве очекуваат интересни случувања со Стрелец или Риба. Можни се мали проблеми со цикулацијата.
Близнаци
Ќе бидете прилично деконцентрирани и ќе ве загрижуваат финансиите. Ова не е толку сјаен период кога станува збор за работата. Љубовната ситуација би можела да биде малку комплицирана, особено доколку имате тајна врска. Можно воспаление на мочниот меур.
Рак
Периодот не е поволен за важни деловни одлуки ниту за големи промени. Кога станува збор за љубовта, ве очекува конфузна ситуација со саканото лице, можно е и дистанцирање. Можна појава на алергија.
Лав
Прилично ќе бидете оптеретени со деловните обврски кои воопшто нема да ви бидат лесни. Нема да имате желба за работа. На полето на љубовта ве очекува многу интересна ситуација со личност од минатото.Пад на имунитетот и зголемена чувствителност на организмот.
Девица
Не ја испробувајте својата среќа оваа недела, работете онака како што ви е кажано. Љубовната ситуација е бурна, но доколку не бидете премногу нервозни, ќе пронајдете решение. Можни се кардиоваскуларни проблеми.
Вага
Можни се мали компликации ако се занимавате со работа поврзана за недвижнини. Можно е некој да ве измами. Очекувајте интересни ситуации и убава атмосфера. Можни се проблеми со стомакот, варењето.
Скорпија
Делувате многу доминантно во комуникацијата со деловните соработници. Внимавајте некој да не ви се налути. Оваа недела ве очекуваат пријатни и позитивни случувања со личноста која ја сакате. Здравјето е одлично.
Стрелец
Ова не е претерано поволен период за финансиите, немојте да ризикувате со парите. Љубовната ситуација би можела да се искомплицира доколку сте биле неискрени со партнерот. Можни проблеми со хормоните.
Јарец
Не паѓајте под туѓо влијание и не ги слушајте советите на другите. Ова не е поволен период за работа. Склони сте на бурни реакции и кавги со саканото лице. Можна е настинка.
Водолија
Наскоро ќе добиете многу добра идеја која ќе ви донесе интересни проекти. Ве очекува убава и пријателска комуникација со лицето кое ви се допаѓа. Здравјето е солидно.
Риби
Не е препорачливо премногу да се потпирате на своите соработници. Направете го сами она што е потребно. Љубовната ситуација се комплицира поради повратот на една личност, можеби Овен или Јарец. Вашиот организам е ослабен, поведете сметка за тоа.