Неделен хороскоп од 25 до 31 јануари: Овенот ќе има среќна надела, ракот ќе го мачи минатото

Неделен хороскоп од 25 до 31 јануари: Овенот ќе има среќна надела, ракот ќе го мачи минатото

пред 3 години

Овен

Ако сте имале недоразбирања со саканото лице, поврзани околу работата, оваа недела тие расправии ќе го достигнат својот врв. Не можете да се објасните и да најдете заедничко мислење. Обидете се да ја смирите ситуацијата. Оваа недела ќе имате малку повеќе среќа на работа отколку во љубовта. Ќе бидете интелектуално, енергетски и физички подготвени за сите работни задачи. Некои од вас ќе имаат среќа кога станува збор за паричните награди. Можни се проблеми со грлото.

Бик

Венера, вашиот владетел и понатака е во девица, што ви носи зголемување на комуникациите. Сите проблеми во љубовниот живот ќе ги решите преку разговори. Трпението е клучната работа. Јупитер во девица ви носи интересна енергија. Колку повеќе се залагате толку повеќе ќе добиете. Верувајте и на вашата интуиција. Напредокот доаѓа кон вас. Храбро движете се напред. Внимателно следете ги промените на кожата.

Близнаци

Во последно време како да сте се заглавиле во некоја кутија со недоразбирање и невоља кога станува збор за односот со партнерот. Оваа недела би можело да дојде до промена на ситуацијата поради влијанието на Марс во девица. Ќе морате да ја зголемите дисциплината кога станува збор за финансиите. Имате големи желби и немате трпение кога се тие во прашање. Работата оди добро оваа недела, само малку поправете го вашиот став. Доколку сакате повеќе пари пронајдете некоја дополнителна работа.

Рак

Меркур во вашата соларана куќа на самозадоволства и врски може да ве натера на некои прилично драстични потези. Сонцето во скорпија, подрачјето за вашето семејство, само ќе ги забрза промените кои сте ги замислиле. Одредена ситуација ќе ве врати во минатото и тоа ќе биде почетокот кон нешто подобро. На деловното поле оваа недела ќе бидете многу вредни. Надворешните околности ќе бидат променливи, а вие успешно ќе се прилагодувате на новите ситуации. Доколку сте имале план за патување, не сега, но наскоро ќе ви се исполни. Можни повреди и истегнување на екстремитетите.

Лав

Вашиот љубовен живот и креативното изразување ви се на високо ниво. Партнерот ви е многу потребен, па ќе се обидете на секој начин да го резервирате само за себе. Не правете ништо со сила со цел да не ви се заладат односите. Недостатокот на пари во моментов би можел да ве спречи во една мнногу добра понуда во моментов. Имате деловна енегија, но како да ви недостасува малку среќа. Бидете посталожени, надокнадете ја несигурноста со својата креативност. Внимавајте, можни се настинки.

Девица

Марс во Девица ви носи смирување на затегнатите односи со партнерот. Комуникацијата меѓу вас значително ќе се подобри, па така ќе бидат решени и недоразбирањата кои ве одалечуваа. Немојте само да се оптеретувате со детали, обидете се да бидете љубезни и попустливи. Во последно време вашите деловни потези се погрешно разбрани, а оваа недела сите оние кои ве осудуваа ќе тропнат на вашата врата и ќе побараат прошка. Бидете отворени и достапни за комуникација. Премолчете и обидете се да ги сфатите сите кои деловно ве опкружуваат. Внимавајте на желудникот и исхраната.

Вага

Венера ќе ви донесе потешкотии во односите со саканите лица, особео со партнерот. Поради зголемениот обем на работа нема да имате време да се видите со партнерот, а тој ќе нема повеќе разбирање за вашата отсутност. Итно решете ги проблемите, можат да прераснат во нешто полошо. Финансиите не ви се поволни како претходно, а обемот на работа и понатака е голем. Ќе морате да ја поднесете новонастанатата ситуација на работното место, во спротивно ќе си создадете потешкотии кои не ви се потребни во моментов. Општото здравје е добро, ќе забележите пад на енергијата.

Скорпија

Забележавте дека не е лесно да се справите со тврдоглавоста на партнерот. Непотребно си ги трошевте нервите да му угодите. Оставете да помине малку време и работите ќе се средат, не напнувајте веднаш се да биде одлично. Девицата ви испраќа енергија и трпение, тоа ви е потребно. Јупитер, Марс и Венера во Девица ви носат многу деловни прилики во кои се кријат многу добри заработки и напредок во кариерата. Сите кои веруваат во себе ќе забележат успех. Искористете го поволниот период да си ја подобрите материјалната состојба. Можна е зголемена осетливост на желудникот, внимавајте што јадете.

Стрелец

Се приближува времето за влез на Сонцето во вашиот знак и почетокот на нов годишен циклус за вас. Овој период искористете го за малку да се повлечете од другите и добро да размислите за себе. Односите со блиските лица, ќе бидат тивки но пријатни. На деловен план нема да постојат некои новости. Се ќе функционира прилично мирно и добро, но сепак нема да дојдат ниту напредокот и новите прилики. Искористете го овој период за довршување на започнатите работи. Можни проблеми со главоболка.

Јарец

Иако и понатаа ги ставате потребите на блиските лица пред вашите, немојте да сте такви кога станува збор и за парите. Не си посветувате доволно внимание и грижа самите на себе. Одвојте некој денар за вас, оставете ги другите на страна, и релаксирајте се со некоја медицинска масажа. Партнерот не смее да ви се налути бидејќи досега само тој ги користел убавите нешта. Време е да ја совладате деловната лекција дека некогаш мора да кажете не на нешто што навистина не можете и не сакате да го извршите. Сите ве научиле дека сте добродушни, па ве користат да ги завршите и нивните задачи. Гласно кажете дека од оваа недела ситуацијата нема да биде повеќе таква. Внимавајте на грлото.

Водолија

Присутноста на Јупитер, Венера и Марс во Девица ви дава неверојатана дарба за говор. Искористете го тоа и кажете се што ве мачи. Не се повлекувајте доколку блиските лица или партнерот не се согласуваат со вашето мислење. Време е малку да се почитувате себеси. Оваа недела најдобро ќе ви одат работните обврски кои ќе се изработуваат во групи. Сите остварени контакти ќе ви донесат поволни вести и можности. Искористете ја можноста за подобрување на деловното поле. Енергијата ви расте, но бидете умерени, не се преморувајте.

Риби

Почетокот на неделата ќе ви донесе лош период во љубовното поле за кое најверојатно вие сте виновни. Но сето тоа од среда па натака ќе се поправи и ќе биде заборавено. Немојте да бидете себични и да мислите само за вас, угодете му и на партнерот. Работните обврски растат. Периодот е поволен за многу работа, залагања и многу труд, кој еден ден со сигурност ќе ви се исплати. Не се срамете да признаете дека нешто не разбирате. Тоа на сите им се случува, а најдобрите јавно бараат помош и објаснување. Можност за зголемување на притисокот, внимавајте.

Share
Scroll to Top