dobivaj vesti na viber

Неделен хороскоп од 25 до 31 јули: Ракот да се приземји, стрелецот планира патување

пред 2 години

ОВЕН

Покажете му на светот од што сте направени. Младата Месечина во Лав во четврток бара од вас да бидете проактивни и храбри. Размислете за вашите желби и цели, но и тоа како ја градите својата сила и храброст. Во недела, ве очекуваат нови идеи поврзани со вашите приходи.

БИК

Време е да се смирите. Младата Месечина во четврток бара од вас да се посветите на домот и семејството. Ако имате потреба да се преселите или пак да изградите посолидни односи со своето семејство, сега е вистинското време. Во недела, поставеноста на ѕвездите бара од вас да изградите нови навики и да направите свесни избори за да достигнете слобода и раст.

БЛИЗНАЦИ

Подобрете ја својата комуникација. Младата Месечина во Лав во четврток од вас бара да изградите подобра комуникација со другите и да развиете љубопитност за она што ви значи. Проширете го вашиот ум и така ќе го проширите својот свет. Конјункцијата на Уран со Северниот Нод во недела во вашата зона на завршетоци бара од вас да се ослободите од верувањата и односите кои ве држат заглавени во минатото.

РАК

Приземјете се. Младата Месечина во четврток ќе ви помогне да дојдете до внатрешна сигурност преку подобри навики и однесување кое ќе ви помогне да се смирите и да се релаксирате. Во недела, важно е да се поврзете со луѓе кои споделуваат слични политички и социјални вредности како вас.

ЛАВ

Среќен роденден, драги Лавови. Посакајте ја својата желба за време на младата Месечина во вашиот знак во четврток и дозволете му на универзумот да ве изненади. Во недела ќе бидете инспирирани да направите професионална промена која е усогласена со вашите вредности.

ДЕВИЦА

Време е да се одглавите од некои ситуации. Во тоа ќе ви помогне младата Месечина во Лав во четврток која носи крај на одредени надворешни или внатрешни фактори кои прават да се чувствувате заглавено. Во недела, со конјункцијата на Уран и Северниот Нод во Бик ќе почувствувате експанзија кон нови места и начини на размислување.

ВАГА

Вие сте лидери. Младата Месечина во Лав бара од вас да се посветите на соработката со другите и да ги покажете своите лидерски способности. Во недела, конјункцијата на Уран и Северниот нод е во вашата зона на интимност. Овој транзит ќе ве поттикне да им дозволите на другите да ве видат во вистинско светло и да бидете ранливи.

ШКОРПИЈА

Време е да направите чекор нанапред. Младата Месечина во Лав во четврток ви носи среќа во кариерата. Тоа за некои Шкорпии ќе значи нова професионална понуда, за други унапредување, а за трети храброст да започнат сопствен бизнис. Викендот ќе биде романтичен за вас и ќе ви помогне да дојдете до разбирање и хармонија.

СТРЕЛЕЦ

Време е за нови видици. Младата Месечина во четврток го насочува вашиот фокус кон патувања, подобрување на вашите вештини преку образование и ви носи мудрост. Ова е ваше време да направите нешто ново. За време на викендот, ќе бидете поттикнати да изградите нови начини со кои ќе го подобрите своето здравје.

ЈАРЕЦ

Бидете длабоки, драги Јарци. Во четврток, младата Месечина во Лав ве инспирира да откриете кои се вашите желби, стравови и надежи. Ако некој треба ве слушне, ова е најдобро време за тоа. За време на викендот, самодовербата ќе ви биде на високо ниво, но важно е да ги надминете навиките кои ве спречуваат да живеете во целост.

ВОДОЛИЈА

Љубовта е околу вас, драги Водолии. Младата Месечина е во Лав и таа настапува во четврток во вашата зона на подобрување и продлабочување на љубовта. За време на викендот, засилена е вашата емоционална интелигенција, а тоа ќе го применувате во односите со сите луѓе околу вас.

РИБИ

Започнете со мали чекори. Младата Месечина во Лав ве насочува кон личен развој. Почнете со оние навики кои би сакале да ги смените или развиете. За време на викендот се подобруваат и вашите комуникациски способности, а самодовербата е на високо ниво.

Share
Scroll to Top