Трендовите се менуваат, но женската љубов кон накитот никогаш не престанува. Од гламурозен накит, до сосема обични парчиња, од впечатливи детали, преку ретки примероци, до накит кој е креиран за секојдневно носење. Но, и редењето прстени е посебна филозофија. Нежни или впечатливи, секогаш се во мода.
Оваа сезона се враќа она што беше тренд во 80-тите и 90-тите години. Без разлика дали поседувате минималистички прстени, некои екстравагантни примероци, прстените кои го опишуваат бохо стилот или сосема едноставни примероци кои едноставно ги обожавате, но не знаете како да ги споите, се идеални за оваа сезона.
Потребно е прстените кои планирате да ги носите да ги споите по обликот, материјалот, бојата и секако да ѝ подарите одредена доза на контраст, како не би изгледало еднолично. Примероците кои меѓусебно се дополнуваат, создаваат убава композиција и го истакнуваат вашиот изглед во посебен правец.
Иако слоевитите прстени сами по себе доволно ќе бидат забележени, доколку ги нагласите со бојата на лакот на ноктите, или со соодветните алки, фантастичниот впечаток нема да изостане. Потемните бои, како црните, тегет и бордо варијанти се совршени за овие комбинации. Понежните бои како бела, беж, кремаста, и светло розовата се идеални за прстени од жолто злато.