Некогаш и сега: споредбата на изгледот на Лана Дел Реј ги поттикна гласините за Оземпик

Некогаш и сега: споредбата на изгледот на Лана Дел Реј ги поттикна гласините за Оземпик

пред 4 дена

Лана Дел Реј повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите поради видео. На Инстаграм се појави видео во кое се споредува изгледот на пејачката, а поради тоа што на најновото видео изгледа многу послабо, повторно почнаа да се шушка дека користи Оземпик.

„Лана пред употреба на GLP-1 и потоа“, се вели во видеото. Најпрво се прикажува клип од еден од постарите нејзини концерти, а подоцна се прикажуваат сцени од понов настап.

Набрзо следеше лавина од коментари, а неколкумина изјавија дека веруваат дека пејачката ослабела со помош на Оземпик.

„Оземпик ѝ помогна многу“, „Порано изгледаше подобро“, „Премногу е слаба“, „Сигурен сум дека користеше Оземпик“, „Претпоставувам дека беше паметна при користењето на Оземпик, го комбинираше со тренинг“, „Веќе не можам да ја препознаам“, напишаа некои.

„Изгледа подеднакво добро и во двете верзии“, „Зошто воопшто мора да коментираме за нечија тежина?“, „Отсекогаш била убава“, „Престанете да коментирате женски тела“, „Оставете ја на мира, таа е исто толку убава“, „Знаете дека тренира, нели?“, други коментираа бранејќи ја пејачката.

Share
Scroll to Top