Нексо и Мастркард ја лансираа првата платежна картичка за крптовалути

Нексо и Мастркард ја лансираа првата платежна картичка за крптовалути

пред 3 години

Компаниите Nexo и Mastercard први во светот ќе ја претстават платежната картичка за криптовалути. Претставниците на Nexo велат дека картичката, која првично е достапна во одредени европски земји, им овозможува на корисниците да трошат без да мора да ги продаваат своите дигитални средства, како што е биткоинот, кој се користи за да се обезбеди одобрен кредит.


Повеќето традиционални кредитни картички не се обезбедени и имаат кредитен лимит. Картичката е поврзана со кредитна линија обезбедена од Nexo и поддржува криптовалути и може да ја користат 92 милиони трговци ширум светот. Додека Mastercard им дозволува на инвеститорите да потрошат до 90% од вкупната вредност на нивните крипто средства. Картичката не бара минимални отплати, месечни надоместоци или такси за неактивност. Девизни давачки нема до трошење на 20.000 евра месечно.

Нема ограничување за тоа колку клиентот може да потроши или повлече од отворена кредитна линија, а каматата се плаќа само на износот на реално искористениот кредит. 

Share
Scroll to Top