„Некст тајм“ преработија уште една стара македонска песна „Кога падна Пирина“

„Некст тајм“ преработија уште една стара македонска песна „Кога падна на Пирина“

пред 2 години

Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст Тајм“ по подолго време ќе објават уште една преработка на стара македонска песна. Станува збор за песната „Кога падна на Пирина“, за револуционерот Јане Сандански.

Промоцијата ќе се случи на 13-ти април во среда во кино „Милениум“, во Градскиот трговски центар со почеток во 20 часот, а на неа ќе присуствуваат голем број нивни колеги, пријатели, соработници, но и обожаватели.

Досега браќата преработија неколку стари македонски традиционлани песни како „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“.

Share
Scroll to Top