Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ бил избркан од средно школо, откри мајка му Дијана во подкастот „Sportlight“. Рече дека син ѝ бил запишан во спортска гимназија ѝ дека морала да оди на дисциплинска комисија и да објасни дека тренира тенис и дека не може да присуствува на часови.
„Немаа разбирање, па морав да одам да се објаснувам. Ме оцрнија и мене и на крајот беше избркан, односно отпишан. Не успејаа да му ја дадат потребната поддршка“, рече Дијана.
Претходно бил ученик во Основното училиште „Бора Станковиќ“ во белградската населба Бањица. На 7 години, тој изјавил дека целта му е да биде прв во светот во тенисот, а видеото ја заобиколи целата планета и ден денес луѓето со уживање го гледаат.
Татко му и мајка му кои и самите биле спортски ориентирани, го поддржале и го препознале талентот, па кога имал 12 години, го запишале на тениската акадамија „Никола Пилиќ“. На 16 години, Ноле станал професионален тренер. Браќата Марко и Ѓорѓе, исто се занимавале со тенис.
Во истото спортско училиште одела и сега неговата сопруга Јелена, која тренирала атлетика. Се запишала на факултет во Италија, а докторирала менаџментот. Работат на себе и се трудат да учат нови работи, а бројните патувања и контакти со различни луѓе им помагаат во тоа.