„Немој да ги силуваш вечерва, уморни се, молеше нашата мајка- Латоја Џексон раскажа за семејната драма

„Немој да ги силуваш вечерва, уморни се, молеше нашата мајка- Латоја Џексон раскажа за семејната драма

пред 2 години

Неодамна на социјалните мрежи се појави снимка од интервјуто на сестрата на Мајкл Џексон, Латоја Џексон кое таа го дала во 1991 година во ток шоуто “Live with Regis and Kathie Leе”.

Латоја неколку пати го обвинила својот татко Џо Џексон за наводно сексуално злоставување во детството и изживување врз единаесетте браќа и сестри.

Таа и претходно признала во јавноста дека Џо сексуално ја злоставувал нејзе и нејзината шест години постара сестра Реби, а во интервјуто потврдила сѐ за кое дотогаш зборувала. Исто така, Латоја тврдела и дека за сето тоа знаела и нивната мајка Кетрин.

“Кога твојот татко ќе стане од креветот кој го дели со твојата мајка и ќе легне во креветот со својата ќерка, а ја слушаш мајка ти како му вели ‘Не Џо, не вечерва, уморна е, остави ја да се одмори’, тоа те излудува”, напишала Латоја во мемоарите од 1991 година. Таа наводно имала 11 години кога започнале силувањата.

“Не беше само физичко злоставување, туку и ментално и сексуално. Реби се отсели од дома на 16 години токму поради тоа”, изјавила Џексон и додала дека татко ѝ постојано ја злоставувал нејзината сестра. На прашањето дали Џо ја злоставувал и нивната сестра Џенет Џексон, Латоја одговорила дека не знае бидејќи Џенет никогаш не зборувала за тоа.

“Со мене почна откако Реби се отсели. Живееш со тоа како ти да правиш нешто лошо и непријатно ти е. Се срамев, цел живот се срамев да зборувам за тоа”, рекла Латоја.

Share
Scroll to Top