Ненадминливи бјути трендови инспирирани од 80-тите

Ненадминливи бјути трендови инспирирани од 80-тите

пред 4 години

Впечатливо и екстравагантно.

Модните трендови се раѓаат, избиваат на врвот и исто така исчезнуваат, па потоа повторно се атрактивни, и сè така во круг. Сезони наназад, бјути експертите користат инспирација од изминатите времиња, креирајќи фризури и мејк-апи какви некогаш носеле нашите мајки, баби, прабаби…

Што е следно? Па, веселите осумдесетти!

Со обѕир на тоа дека модните писти се веќе преплавени со јарки бои, нагласени рамења, кожени пантолони и чизми на штикла, ова нас ни малку не ни изненади. Напротив, сè што исчекувавме е тоа дека трендот од осумдесеттите ќе прејде и во бјути сферата.

И еве го – усни во бои на фуксија, неонска сенка за очи, и бујна, распуштена коса, се само некои од широкиот спектар на неговите можности.

Дури и на ТикТок моментално најактуелен е хаштагот #myparentslook кој ги повикува на рекреирање на мајчините аутфити.

Во тоа име, поиграјте си уште денес, и тоа со култната нумера Girls just want to have fun. Ви претставуваме пет ненадминливи бјути трендови.

1. Маскара во боја

2. Сина сенка за очи

3. Розе кармин

4. Нагласени образи

5. Шљокици, шљокици, шљокици…

Share
Scroll to Top