Нервозен возач пукал во Денис Ричардс за паркинг место

Нервозен возач пукал во Денис Ричардс за паркинг место

пред 4 години

Глумицата Денис Ричардс и нејзиниот сопруг Арон Пајперс во понеделникот успеале да се спасат од пукотници на паркинг во Лос Анџелес. За среќа на крајот си заминале без повреди. На пат кон студио, барајќи место за паркинг, нервозен возач од друг автомобил почнал да пука во нив.

dobivaj vesti na viber

Нејзината претставничка потврди дека двајцата завршиле без никакви повреди. Според TMZ, Пајперс барал место да се паркира, а возачот зад нив бил нетрпелив па почнал да вика нанив. Сакајќи да ги мине почнал и да пука во нив и им го оштетил задниот дел од автомобилот.

За среќа никој не е повреден, а Ричардс наводно на сетот дошла нервозна и хистерично плачела.

 

 

Share
Scroll to Top