„Нешнал џиографик“ ја објави листата на најдобри дестинации за 2023. Листата е поделена во пет категории и содржи вкупно 25 дестинации, во кои ја има и Словенија.
„Се надеваме дека 2023 ќе донесе не само големо враќање на патувањата, туку и повторно откривање на чудата. Сакаме да го поттикнеме тој дух со оваа листа“, изјави уредничката на „Нешнал џиографик“, Ејми Алпио.
На листата има и нови атракции, како Големиот египетски музеј близу Каиро, чие отворање се одложуваше неколкупати и конечно треба да се случи догодина.
Култура – Вија Апија (Италија), Бусан (Јужна Кореја), пештерите Лонгмен (Кина), Египет, Чарлстон (САД)
Природа – Шкотски Гори, Боцвана, Словенија, националниот парк Биг Бенд (САД), Азори
Авантура – Нов Зеланд, Чокекирао (Перу), Јута (САД), Австриски Алпи, националниот парк Ревиљахихедо (Мексико)
Заедница – Додеканези (Грција), Милвоки (САД), Алберта (Канада), Лаос, Гана
Семејство – Тринидад и Тобаго, патеката Кростаун (Сан Франциско), Колумбија, Манчестер (Велика Британија), Швајцарија