Не врнеше туку од небо паѓаа луѓе и куфери, потресни сведоштва по несреќата во која се судрија два патнички авиони во Хрватска

Не врнеше туку од небо паѓаа луѓе и куфери, потресни сведоштва по несреќата во која се судрија два патнички авиони над Хрватска

пред 3 години

На 10 септември 1976 година, во Брбовец во Хрватска се случи голема авионска несреќа. Два патнички авиони се судрија на небото на височина од 10.000 метри во воздух. Едниот патувал кон Истанбул, а другиот од Сплит кон Келн и Бон.

Во несреќата загинаа 176 патници, од кои најмногу биле германски државјани, главно туристи кои се враќале од хрватското крајбрежје. Ова била најголемата несреќа која некогаш се случила во Хрватска во изминатите 20 години.

Во знак на жалост, поранешна Југославија на 12 септември истата година, ги спушти знамињата на половина копје. Во спасувачката акција биле ангажирана повеќе од 1200 полицајци. На местото дошле пожарникари и медицински лица.

Се трагало три дена по преживеаните, а помагале и локалните жители и месното население, но, за жал никој од патниците не преживеал.

.

Делови од авионот, опремата, багажот и човечките тела можеле да се видат расфрлани на површина од 10 километри. На спасувачите им било тешко да дојдат до некои од нив поради мочуриштата, шумите и густата вегетација.

„Седевме во куќата додека се подготвувавме да работиме на нива. Одеднаш слушнавме силен удар на небото, па истрчавме да видиме да не почнало да врне и да грми. Тогаш видовме како авионите почнаа да паѓаат врз нас. Се исплашивме и брзо влеговме назад во куќата. Слушавме како деловите удираат на покривот од куќата. Како дожд, удираше од сите страни. Наеднаш почнаа да паѓаат луѓе, торби и седишта од авионот“, рече Марица Брлечиќ за Вечерњи лист.

Друг сведок, Љуба Панкретиќ рече дека слушнала силен татнеж, како гром и побрзала на ливадата да го земе сеното. Тогаш на неколку метри од неа го видела телото на мало девојче. Позади неа паднале куфери у уште еден човек.

„Луѓето работеа на нива, го собираа сеното, копаа компири кога еден од авионите се урна во Дворишче. Се слушна голема експлозија и изби голем пламен. Први кои пристигнаа беа пожарникарите од Раковец, а потоа и оние од Врбовец и Пресека. Несреќата ја виде пилотот кој леташе во близина и одма го пријави случајот. Брзо потоа на местото пристигна хеликоптер. Веќе на местото имаше полиција, војска и пожарникари. Некои од нив останаа таму повеќе од една недела. Имаше расфрлано остатоци насекаде во радиус од 200 метри.

Се бараа мртвите, а кога ќе ги најдеа ги ставаа во вреќи и ги носеа“, раскажа Драго Гашпариќ, над чија куќа се урнале авионите.

„Беа уништени многу дрвја, но, за среќа, не се запали шумата. Само спасувачите можеа да стигнат до остатоците, а војската ја затвори целата област. Остатоците од авионот „Инекс“ беа расфрлани наоколу со години“, рече друг сведок Гашпариќ.

Светските медиуми веднаш ја покрија веста, а редакцијата на „Вечерњи лист“ шест дена по ред известувала за несреќата.

На читателите им биле претставени скици од несреќата, на кои е опишана насоката на движење на авионот, како и моментот на судирот.

Новинари од речиси сите делови на Европа пристигнаа во Врбовец во потрага по сведоци. Во општинскиот центар се собраа стотина репортери од Велика Британија, СР Германија, Турција, Австрија и Италија, како и голем број новинари од југословенските весници.

Меѓу првите кои пристигнаа беа англиската телевизија Би-Би-Си, новинари од Дејли Телеграф, Сандеј Мирор, Лондон Тајмс и Дејли Меил, Ројтерс, Радио Виена и многу други.

Репортерката, а подоцна и долгогодишната главна уредничка на Вечерњи лист, Ружица Зиглер, известувала исто така од местото на несреќата.

„Додека трчав низ полета со пченка, можев да ги видам остатоците од авионот и делови од телата на патниците. Никогаш нема да ја заборавам таа сцена. Машко тело пливаше во потокот. Кога се приближив видов труп без глава. Два месеци потоа не можев да јадам месо“, рече Зиглер, која објасни дека уредникот ја испратил на терен, порачувајќи ѝ дека ако ја покрие сторијата, ќе можела да стане новинар.

Во Германија, одлуката на аеродромот во Келн да ги извести роднините и семејствата на патниците само четири часа по несреќата, предизвикала бура од критики. Од управата на аеродромот се правдале дека не можеле порано да ги известат, затоа што не биле проверени вестите на агенциите.

Во тој период имало голем број на непроверени информации. „Вечерњи лист“ само два дена по несреќата напиша дека некои од изјавите на сведоците кои ги дале по несреќата биле невистинити. Весникот објави и дека голем број од патниците загинале одма по сударот, од декомпресијата и влегувањето воздух.

„Некои сведоци, потресени од настанот, дадоа изјави за кои подоцна се утврди дека се неточни. Некои тврдеа дека едно дете ја преживеало катастрофата, за потоа веста да ја превземат и другите медиуми. Сепак лекарите од Здравствениот дом во Врбовец кои пристигнаа на местото на несреќата по десет минути, рекоа дека тоа не е точно. Експертите тврдат дека поради декомпресија предизвикана од авионската несреќа и навлегувањето воздух, луѓето гинеле веднаш, на голема височина“, пишува Вечерњи лист два дена по несреќата. Загреб, а редакцијата на ова му посвети уште неколку продолженија.

Подоцна се утврдило дека виновник за несреќата биле луѓето во Контролата на летање во Загреб. Големиот сообраќај на небото, застарената технологија и хроничниот недостиг на квалификувани луѓе доведле до трагедијата.

Прво биле обвинети група од осум лица. Истрагата покажала дека воздушната контрола предоцна му рекла на едниот од пилотите да не се подигнува. Доколку информациите стигнале неколку секунди порано, несреќата би се избегнала.

Првообвинет во целиот случај бил Градимир Тасиќ, а покрај него се нашле и шефот на Центарот Анте Делиќ, неговиот заменик Милан Муњас, шефицата на смената Јулија Дајчиќ, контролорите Младен Хохбергер, Ненад Тепеш, Бојан Ерјавец, Градимир Пелин.

Судењето било покриено од голем број медиуми. Тасиќ го бранеле белградскиот адвокат Тома Фила, Делиќ Силвија Деген и Ерјавец Жељко Олујиќ, кои до ден денес се познати адвокати.

Тасиќ, 28-годишен контролер на летот од Ниш, е единствениот кој бил прогласен за виновен и осуден на седум години затвор. Казната брзо потоа му била намалена благодарение на бунтот на неговите колеги.

Тие го бранеле тврдејќи дека тој три дена по ред работел дванаесетчасовна смена. Сепак истрагата покажала дека заморот не бил причина за несреќата.

Вештаците утврдиле дека неговиот замор не можел да биде причина за грешката затоа што откако се поздравил со колегите претходната вечер, тој си легнал во пристојно време, во 21.30 часот, а станал во шест часот наутро.

Тасиќ пристигнал на време на работа и почнал да работи во седум. Се чувствувал целосно одморен и способен да ја преземе функцијата. Тогаш контролорот можел да има задача да контролира 20 авиони, но во случајот на Тасиќ тој број во еден момент паднал на пет-шест лета.

Според деталната реконструкција на новинарот на „Вечерњи лист“, Зоран Витас од март 2019 година, една околност била многу важна во целиот случај.

Тоа била неговата последна смена во Центарот. Тој претходната вечер кога се збогувал со колегите, се скарал со сопругата која дошла од Белград.

Интересно од биографијата на Тасиќ е дека два пати бил дисциплиниран, а еднаш поради ситуација многу слична на оваа.

 

Тасиќ по три и пол години излегол од затвор, по што се вработил во Белград во техничката служба. Починал млад, наводно од тешка болест.

Како траен спомен во блиската шума каде се случила несреќата бил поставен железен крст на кој се обесени чашка и гумена рамка од авионски прозорец.

Share
Scroll to Top