Откако се отвори Дино паркот во Скопје и стана атракција и место кое го посетија повеќе од 12 илјади посетители за само неколку дена почнаа и проблемите. Надлежните веќе апелираа посетителите да не ги јаваат и да не ги тегнат по опаш диносаурусите, ама за да биде сликата уште подраматична на социјлните мрежи осамна фотографија на која дете моча среде Дино паркот, а само на пет метри од случкава има тоалети.