Ниа Ноар не постои: Вештачка интелигенција стои зад еден од најгледаните „Тик-ток“ профили

Ниа Ноар не постои: Вештачка интелигенција стои зад еден од најгледаните „Тик-ток“ профили

пред 2 часа

Моделoт создаден со вештачка интелигенција, Ниа Ноар, успеа да измами милиони корисници на социјалните мрежи, собирајќи огромен број прегледи и следбеници. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ има околу 2,7 милиони следбеници, а едно од видеата достигнало речиси 199 милиони прегледи.

Иако многумина верувале дека станува збор за вистинска личност, Ниа Ноар е целосно генерирана со ВИ. Корисници забележале дека нејзините танци и облека често се идентични со оние на реални креатори, додека позадините во видеата изгледаат статично и неприродно, особено во сцени што наводно се снимени на отворено.

@nianoir.xo♬ Big Guy – from “The SpongeBob Movie: Search for SquarePants” – Ice Spice

Константин Левинзон, коосновач на „Планет ВПН“, објасни дека ВИ-содржините често се препознаваат по проблеми со екстремитетите, неприродно мазна кожа, „стаклен“ сјај на очите и неускладеност меѓу субјектот и позадината. Според него, кај ВИ-сликите лицата често изгледаат „исклесано“, а не фотографирано.

Сè уште не е познато кој стои зад профилот, ниту дали ликот е базиран на реална личност. Сепак, и покрај очигледните знаци, содржината била доволно убедлива за да измами милиони луѓе.

Share
Scroll to Top