Никогаш не сум бил гневен како на полувремето, рече селекторот на Исланд, по мечот со Македонија

Никогаш не сум бил гневен како на полувремето, рече селекторот на Исланд, по мечот со Македонија

пред 5 години

Македонија вчера одигра нерешено 2:2 против Исланд, а тренерот на гостинскиот тим Арнар Видардсон, рече дека никогаш не бил толку гневен како на полувремето.

Тој во соблекувалната го загубил гласот викајќи им на неговите играчи. Македонија имаше предност од 2:0 во првите 45 минути, но, на крајот мечот заврши нерешено.

„Никогаш претходно не сум бил гневен како на полувремето со Македонија, на момент го изгубив и гласот. Не сум замислувал дека можам да бидам толку лут како тренер. Моите помошници ја презедоа мојата улога, неколку минути откако ми го снема гласотз“, изјави исландскиот селектор.

Исланд во финишот ја казни Македонија и со два брзи гола го израмни резултатот. Во финишот Трајковски и Чурлинов имаа можност за трет погодок, но не го реализираа.

Share
Scroll to Top