Николас Кејџ снима филм во Дубровник

Николас Кејџ снима филм во Дубровник

пред 4 години

Денеска во Дубровник почна да се снима филмот The Unbearable Weight of Massive Talent, во кој главните улоги ги играат Николас Кејџ и Педро Паскал, објави хрватскиот аудиовизуелен центар. Првите слики од снимањето веќе се појавија на „Пиксел“.

Подготовките за снимањето на филмот траат од август, а во Дубровник ќе се снима 15 дена. Режисер на филмот е Том Гормикан, а ќе се снима во продукција на „Лајонсгејт“. Хрватскиот дел од проектот вклучува 412 филмски работници, од кои 97 се хрватски државјани, а ќе има и околу 300 хрватски статисти.

Share
Scroll to Top