Никола нема родители и се бори со рак на коските: Панчо од ДНК со апел за помош за момчето од Црешево

Никола нема родители и се бори со рак на коските: Панчо од ДНК со апел за помош за момчето од Црешево

пред 2 години





Панчо од ДНК, отиде во селото Црешево, каде што живее деветнаесет годинишниот Никола Горгиев кому му е дијагностициран канцер на косиките и за кого се бараат донации. Никола, нема родители туку живе со своите баба и дедо.

“Верувам дека веќе го препознавате, бидејќи неговата фотографија со апел за помош кружи од пред неколку денови по сите социјалните медиуми. Ова до мене е Никола Горгиев, 19 годишно момче полно со позитивна енергија и харизма. Ме пречека како вистински домаќин. За жал судбината сакала да си поигра со него и наместо да се грижи и прави планови за својот живот или да се ‘замара’ каде утре ќе игра фудбал, баскет или ќе бира на кој журка да иде, тој мисли како да ја победи најподмолната болест која за жал се почесто е присутна помеѓу младите“, вели Пачо за средбата со Никола.

На Никола му е дијагностициран карцином на коски за кој е потребно голема сума на средства. Никола нема родители, живее со својата баба и дедо во село Црешево. “Би ве замолил во мое име и името на ДНК сите добри и хумаи луѓе и оние кои се во можност заеднички да помогнеме за Никола да ја победи болеста и потоа да не викне сите нас заедно на една голема журка каде што ќе го славиме животот“, вели Панчо којзаедно со Андреј се познати по своите хуманитарни миисии. Тој додава : Би ви биле благодарни и да споделите се со цел да стигне до што поголем број луѓе кои би можеле да донираат средства. Воедно упатувам апел до градоначалникот на Општина Гази Баба да изнајде начин да му олесни на Никола околу финансиите и сите институции кои за жал не функционираат кога доаѓа до ваков случај. За жал се повеќе лечиме болни преку пораки и донации“.





Share
Scroll to Top