Никола Секулов го продолжи договорот со Јувентус и останува до 2025 година

Никола Секулов го продолжи договорот со Јувентус и останува до 2025 година

пред 3 години

Поранешниот младински македонски репрезентативец и фудбалер Никола Секулов (19), пред две години почна да настапва за италијанската репрезентација. Тој денеска доби нов четиригодишен договор со Јувентус до 2025 година.

Секулов е роден во Пјаченца, Италија. Тој се придружи на младинскиот погон на Јувентус во 2016 година откако своите први фудбалски успеси ги забележа во фудбалските клубови Пјаченца, Парма и Про Пјаченца.

Клубот од Торино има голема верба во офазивниот фудбалер штом му го продолжија договорот, но дел беше и очекувано ако се земе предвид дека Секулов има веќе неколку настапи за младинската селекција на Италија, како и во македонската репрезентација.

 Како и Секулов, така и Кулушевски, наместо за Македонија игра за Шведска. Но тие се разикуваат по тоа што, помладиот член на Јувентус, сè уште немал настап за сениорската репрезентација на Италија, што дава уште шанси дека можеби ќе заигра за нашата репрезентација.

Share
Scroll to Top