Николина е добро, ама јас изгубив дете и никогаш нема да сум добро: Миша Гроф прозборе по смртта на синот

Николина е добро, ама јас изгубив дете и никогаш нема да сум добро: Миша Гроф прозборе по смртта на синот

пред 3 години

По смртта на Видое Ристовиќ, сопругот на Нииколина Пишек, кој ненадејно почина пред неколку недели, на големо се шпекулира. Во јавноста се појавија разни приказни, од тоа дека масерката всушност му била љубовница, која е причината за смртта, како асе согласуваат неговата сопруга Николина Пишек и таткото Миша Гроф, кој иако во тага реши да прпзбори.

Миша Гроф вели  дека не може да закрепне од смртта на својот син единец .Ја спомнал и извесна Даниела, масерката со која бил Видое кога починал. Тој вели дека и токсиколошките наоди сè уште не пристигнале и не знаа кога ќе пристигнат.

“ Мојот син почина, а не знам која е причината. Што се однесува до Даниела, уште не сме се слушнале, но не ме чуди што не сака да каже ништо. Таа е исплашена, не знам што крие. Друго објаснување немам“ – вели Миша и продолжува:

 

Кога бев во нејзиниот стан, не ја видов бидејќи не разговарав со неа. Јас сакам да и поставам само едно прашање – зошто не повикала веднаш брза помош. Поминало повеќе од половина час откако Видое починал, а брзата помош пристигнала дури подоцна. Не сме се слушнале, а ме интересира што се случувало во тој стан, бидејќи сум татко што изгубил дете. Од Даниела нема нитрага, ни глас. Чекам да стигнат наодите, па ќе ја замолам да ми објасни како и што се случило.“

Многу се шпекулираше за неговата врска со снаата Николина, а Миша сега призна што се случило по погребот.

„Што се однесува до Николина, таа е добро, многу подобро. Јас изгубив дете, никогаш нема да можам да бидам добро, а со неа е друга приказна. Таа закрепнува, застанува на нозе и знам дека е во Белград со ќерката. Не доаѓа кај мене, но често ми се јавува да ме праша како сум. Таа не може да ми помогне, сè што ми треба сега е во рацете на лекарите. Треба да се одморам, главно сум дома. Посетите не ме заморуваат, па сите што се грижат, а го имаат мојот телефонски број, можат во секое време да ми се јават и да ме слушнат“, вели Ристовиќ.

Share
Scroll to Top