Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10 – Македонија мора да остане конкурентна транзитна рута

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10 – Македонија мора да остане конкурентна транзитна рута

пред 5 часа

Инвестиции во вредност меѓу 5 и 6 милијарди евра се насочени кон подобрување на инфраструктурата на коридорите 8 и 10, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

Николоски истакна дека пресекот на двата паневропски коридори во Македонија претставува значајна географска предност, која треба да се искористи преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Коридорот 8 ја поврзува земјата во правец исток–запад, додека Коридорот 10 се протега во правец север–југ. Според министерот, вложувањата се неопходни за Македонија да ја задржи конкурентноста како транзитна рута во регионот.

„Се обидуваме да ја искористиме таа уникатна географска позиција што ја имаме и затоа правиме огромни инвестиции што се движат меѓу 5 и 6 милијарди евра“, рече Николоски.

Тој оцени дека обемот на инвестициите е особено значаен кога ќе се спореди со бруто-домашниот производ на земјата. Според неговата оценка, таквиот размер на инфраструктурни вложувања ја издвојува Македонија во регионот.

Николоски наведе и дека инфраструктурните активности добиваат позитивни оценки од меѓународните партнери, посочувајќи ги Европската комисија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Министерот порача дека географската положба треба да биде проследена со соодветна инфраструктура за земјата да ја искористи својата улога во регионалното транспортно поврзување.

Share
Scroll to Top