Николоски: Македонија е меѓу лидерите по раст на авио-туризмот во Европа и Централна Азија

Николоски: Македонија е меѓу лидерите по раст на авио-туризмот во Европа и Централна Азија

пред 6 часа

Македонија бележи најголем раст на бројот на патници во авио-сообраќајот и туризмот во Европа и Централна Азија, според анализата на Светска банка, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Николоски посочи дека земјава остварила раст од 40 проценти на годишно ниво, што ја позиционира како најуспешен пример во регионот во привлекувањето нови патници и туристи преку воздушниот сообраќај.

„Извештајот на Светска банка е дополнителен мотив за уште поголема работа и посветеност. Успехот на авиосообраќајот во Македонија е препознаен и потврден преку конкретни бројки“, истакна Николоски.

Според него, мерките за субвенционирање на нови авиолинии придонеле за подобро поврзување на земјата со европските дестинации и за зголемување на туристичкиот потенцијал.

Како дополнителен показател за растот, Николоски го посочи и работењето на охридскиот аеродром, каде во еден ден биле опслужени над 3.000 патници, што, како што нагласи, претставува значаен успех за аеродром од овој тип.

„Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот, со цел Македонија да биде уште попрепознатлива туристичка дестинација“, порача Николоски.

Share
Scroll to Top