Николоски: Со полна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Николоски: Со полна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

пред 3 часа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража.

Според Николовски, во моментов активно се работи на пробивање на трасата, а паралелно се изведуваат и активности за поставување на столбовите на виадуктите долж трасата.

„Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите“, истакна Николовски.

Тој посочи дека на оваа делница во тек е изградба на четири моста и еден натпатник, при што еден од мостовите веќе е целосно завршен.

Изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани е дел од големите инфраструктурни проекти во државата, чија цел е подобрување на патната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и скратување на времето на патување.

„Ја градиме Македонија“, порача Николовски.

Share
Scroll to Top