Новак Ѓоковиќ во Кина позираше како модел, обожавателите воодушевени

Новак Ѓоковиќ во Кина позираше како модел, обожавателите воодушевени

пред 13 часа

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објави серија фотографии од Кина, а неговата последна објава на која позира како модел на улиците во Шангај ги привлече погледите на неговите следбеници.

„Наводно овој знак значи „жежок лонец“, па морав да позирам пред него“, напиша покрај фотографијата на која стои покрај кинескиот знак.

На фотографиите позира меѓу минувачите како вистински модел.

„Пожежок си од жежок лонец“, „Внимание, жешки фотографии“, „Секси маж“, „Ноле е во форма“, „Модел“, „Ноле, вистински модел“, „Ми се допаѓа таа модна страна од тебе “ и „Ќе играш ли некогаш во маица без ракави?“, му напишаа неговите обожаватели.

Share
Scroll to Top