Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најавен како гостин на јублејниот 30 годишен „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“, информира Спортско радио 90.3 фм кои се организатори на овој настан.
Туриниот ќе се одржи следниот викенд од 7 до 9 октомври во Скопје, каде ќе биде соберена како што велат балканската фудбалска елита, од репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Помеѓу имињата се споменуваат се Клинчарски и Саво Милошевиќ.
„Меѓу ѕвездите на тимот е најавена и големата тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ. Некогашниот светски рекет бр. 1 најавил дека сака да биде дел од тимот на Србија во Скопје, но, сепак, прво треба да ги усогласи своите обврски со настапите на тениските турнири. Во текот на следната недела останува да се почека неговата дефинитивна одлука дали за првпат ќе пристигне во Македонија и ќе биде дел од настанот со кој Спортското радио 90.3 фм ќе го одбележи овој јубилеј – 30 години „Турнир на медиумите во мал фудбал““, велат од Спортско радио 90.3 фм.