Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

пред 4 години

Од АТП и официјално соопштија дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата. Тениската организација на својот „Инстаграм“ профил објави графички приказ на сите титули кои ги освоиле тројцата асови, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Ѓоковиќ со 58 титули се најде на првото место. Тој има две повеќе од Надал и четири повеќе од Федерер. Роџер и Надал имаат по три гренд слем пехари повеќе во своите витрини, па според некои критериуми, тие се пред Ѓоковиќ, но АТП ја погледна целата слика.

Затоа од АТП одлучија да му дозволат на Ѓоковиќ да учествува на турнирот во Виена, место на кое тој долго немаше настапувано. Дополнителни бодови ќе му бидат потребни, за да крајот на годината, ја дочека на првото место.

Ѓоковиќ би можел да го достигне неговиот идол Пит Сампрас, кој шест пати ја славеше Новата година, како број еден. На Ѓоковиќ тоа досега му успеваше пет пати.

Задачата нема да му биде претешка. Потребни му се само две победи, а првата пречка ќе му биде неговиот сонародник и добар пријател Филип Крајиновиќ.

Иако до оваа цел Ѓоковиќ ќе може да стигне до крајот на турнирот, сигурно дека тој размислува само за една работа, а тоа е да го освои турнирот во Виена.

Share
Scroll to Top