Новиот сој на коронавирус може повеќе да заразува и деца, тврдат британските научници

Новиот сој на коронавирус може повеќе да заразува и деца, тврдат британските научници

пред 3 години

Новиот сој на коронавирусот кој забрзано се шири во Велика Британија носи мутации што децата ги прави подложни на зараза исто како возрасните,велат научниците. Тие ја советуваат британската влада дека дека новата мутација брзо станала доминантен сој на југот на Британија, и ова анскоро може да е случај и во целата земја.

„Сега сме убедени дека овој нов сој има предност во пренесувањето во однос на останатите варијанти што постојат во Велика Британија. Има назнаки дека тој има повисока тенденција да заразува деца. Ќе ни требаат повеќе податоци за да видиме како понатаму ќе се однесува“, изјави Нил Фергусон, епидемиолог од Империјалниот колеџ во Лондон.

Појавата на новиот сој, за кој експертите велат дека е 70% попренослив од оригиналниот вирус, натера голем број држави од Европа и светот да ги забранат летовите од Велика Британија, а Франција целосно ја затвори границата кон неа.

 

 

Share
Scroll to Top