Новиот филм на Мартин Скорсезе веќе го нарекоа ремек дело, а Леонардо ди Каприо му предидуваат Оскар

Новиот филм на Мартин Скорсезе веќе го нарекоа ремек дело, а Леонардо ди Каприо му предидуваат Оскар

пред 1 година

Новиот филм на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“ од вчера е достапен во кината ширум светот, а критичарите и првите гледачи веќе се воодушевени од филмот. Долгоочекуваната адаптација на бестселерот на Дејвид Гран, светската премиера ја имаше на овогодишниот 76-ти Кански фестивал. Дејството на филмот го следи племето Осага на кое откритието на нафта му донело големо богатство, правејќи некои од членовите на заедницата најбогати луѓе на светот – „преку ноќ“.

 

Членовите на Осага во североисточна Оклахома биле убиени под мистериозни околности во 1920-тите години, што предизвикало голема истрага на BOI (која во 1935 година станало FBI), а која ја водел 29-годишниот Ј. Едгар Хувер и поранешниот тексашки ренџер Том Вајт.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро, Џеси Племонс, Лили Гладстоин, а гледачите кои го погледнале филмот веќе го фалат Леонардо ди Каприо дека тоа е една од неговите најдобри одиграни улоги во кариерата.

Филмот го нарекоа и ремек-дело, а во бројни коментари на Ди Каприо и Де Ниро им предвидуваат Оскари.

Филмскиот критичар Џони Олексински изјавил: „За три часа и 26 минути филмот е восхитувачка мешавина од вистински крими и вестерн“.

„Killers of the Flower Moon е новото ремек-дело на Скорсезе“, напишал магазинот „Slate“.

Share
Scroll to Top