„Најсреќниот човек на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска е избран да се прикажува на еден од најголемите меѓународни филмски фестивали во светот „Торонто филм фестивал“.
Филмот говори за тешкотијата на помирувањето кое е неопходно за да може да се продолжи со животот во мир по војна. Главниот лик е Асја, четириесетгодишна жена, која се пријавува на организиран настан за да најде партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.
„Најсреќниот човек на светот“ ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.