Нови детали за убиството на новинарот Кашоги, ликвидаторите користеле авион на компанија која ја запленил престолонаследникот бин Салман

Нови детали за убиството на новинарот Кашоги, ликвидаторите користеле авион на компанија која ја запленил престолонаследникот бин Салман

пред 4 години

Саудијците кои го ликвидирале дисидентот и новинар Џамал Кашоги, до Истанбул летале со авион на приватната компанија, која година дена претходно, пред ликвидацијата, го запленил престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамад бин Салман, објави „Си-ен-ен“.

Телевизиската мрежа се повикува на документи кои имале ознака „Строго доверливо“. Во докумените во кои „Си-ен-ен“ имал увид, саудискиот министер ја пренел наредбата на престолонаследникот бин Саламан, веднаш да се одобри завршување на неопходните процедури за пренос на сопствеништвото над компанијата, Sky Prime Aviation“.

Во документите исто така е претставена процедурата и патот на кој сопствеништвото на оваа приватна компанија, требало да биде префрлено на државнио фонд во 2017 година, со која претседава престолонаследникот.

Ликвидаторите потоа во 2018 година користеле авион за да отидат до Истанбул и во саудискот конзулат го убиле и распарчиле новинарот Кашоги во октомври 2018 година.

Поранешниот директор во одделението на ЦИА, за Блискиот исток, Дан Хофман, изјавил дека тоа било само еден од доказите дека престолонаследникот Бин Салман, бил запознат со ликвидацијата на Кашоги.

„Сите докази кои го поврзуваат Мохамед бин Салман и другите на директен начин е важно“, изјавила правната застапничка на вереницата на Кашоги, која го тужела престолонаследникот и неколку блиски луѓе до него.

Бројни известувачки служби, вклучувајќи ја и ЦИА, заклучиле дека саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот на „Вашингтон пост“. Принцот Бин Салман и понатаму негира дека тој е одговорен за смртта на Кашоги.

Администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, треба да ја тргне ознаката тајност од извештаите за убиството на Кашоги, најверојатно до крајот на оваа недела.

Тргањето на ознаката тајност, претходела на телефонскиот разговор на Џо Бајден со кралот Салмон од Саудиска Арабија, а не со неговиот син, кој всушност е господар на ова блискоисточно кралство.

Share
Scroll to Top